Култура

Ова сум јас? Кои сме ние?

„Откриј ми една твоја тајна па макар колку мала и лесна, јас ќе ја кријам во себе гробно – дури не стане песна.“ – Блаже Конески.

Ова сум јас? Во моментите на себеиспитување се наоѓам себеси стоејќи на крстосницата на идентитет. Тоа е авантура која ме води длабоко под површината, под етикетата и улогата која општестово ми ја доделува. Јас сум повеќе од месо и коски. Повеќе од лузни и дамки кои ја красат мојата душа. Јас сум илузијата која се извишува високо во бескрајното пространство на моите неаигурности. Кои сме ние? Стоиме овде борејќи се со нашите емоции и прашања.

Енџи Николоска и Бојан Лазаров на 14 ноември во театарот „Сенки и облаци“ пред одбрана публика маестрално изведоа авангарден перформанс кој го постави егзистенционалното прашање: „Ова сум јас? Кои сме ние?“.

Публиката која беше дел од сцената и перформансот, имаше ролеркостер на емоции – од смеа до сериозни експресии при анализа на секое движење на Енџи и Бојан кои, иако млади, покажаа дека се креатори на македонската театарска авангарда!

Следната изведба е закажана за 18.11.2023 (сабота) во 20:00 часот.
Резервации и детални информации на Фејсбук страната на Театар за сенки и облаци.

Настанот е во рамките на ДОПРИ програмата за резиденцијален престој во Театар “Сенки и облаци”, поддржана од Министерството за култура.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %