Новиот „Hunger games“ го оживеа американскиот Бокс Офис со заработка од 120 милиони долари
Американскиот Бокс Офис викендов двојно ја зголеми заработката благодарение на блокбастерот „ The Hunger Games: Sunrise on the Reaping „ кој заработи 120 милиони долари.
Станува збор за шесто продолжение на франшизата на студиото „Лајоснгејт“ која досега има заработено 3,4 милијарди долари и е најуспешна франшиза на Лајонсгејт.
Фимот заработи 105 милиони долари и надвор од САД за вкупна заработка од 225 милиони долари во премиерниот викенд.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Глен Клоуз, Џеси Племонс, Киеран Калкин и Ели Фанинг.












