Екологија

Новини кои произлегуваат од новите закони за управување со отпадот

Од Министерството за животна средина беше одржана онлајн обука – „Новините кои произлегуваат од новите закони за управување со отпадот“.
Објавата на Министерството ви ја пренесуваме во целост:
Животната средина бара координација и градање на локалните и националните капацитети
Со цел разрешување на дилемите околу новите овластувања на општините и правила, согласно новиот Закон за управување со отпад, како и за прекршочните постапки согласно истиот, вчера се одржа онлајн обука на тема: „Новините кои произлегуваат од новите закони за управување со отпадот“.
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше поздравно обраќање, а учество земаа претставници од општините, овластени општински инспектори за животна средина, комунални инспектори, државните инспектори за животна средина и други засегнати лица.
Притоа, беше презентиран новиот Закон за управување со отпадот, како и надлежноста за водење на прекршочни постапки и висината на предвидена глоба согласно законите од областа на управување со отпадот.
Обуката беше организирана како дел од активностите на Секторот за соработка со локалната самоуправа и управно надзорни работи, Одделение за соработка со локална самоуправа при Министерството за животна средина и просторно планирање со кои се реализира процесот на поддршка на кон локалната самоуправа.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %