Најмалку 14 луѓе повредени при истекување на амонијак во француска фабрика
Четиринаесет лица се повредени поради истекување на амонијак во хемиска фабрика во близина на Бордо, југозападна Франција.
Несреќата се случила при полнење на камион-цистерна со течен амонијак. И покрај преземените безбедносни мерки на претпазливост, се формираше облак од амонијак, соопштија локалните власти.
По инцидентот евакуирани се работниците од фабриката за земјоделски ѓубрива и производи, како и блискиот објект.


















