Над 7.000 палестински борци убиени во војната во Газа, изјави израелскиот советник за национална безбедност
Израелскиот советник за национална безбедност Цахи Ханегби денеска изјави дека повеќе од 7.000 милитанти се убиени во војната против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.
– Ова е минимална проценка, истакна Ханегби во интервју за израелската телевизија Канал 12.
– Убиените членови на „Хамас“ можеби се и повеќе, бидејќи не знаеме детално каква е ситуацијата под урнатите објекти, како и во тунелите, додаде израелскиот советник за национална безбедност.


















