Над 100 нови паркинг места и нови улици во населбата „11 Октомври – згради“
Тој посочи дека се комплетираат градежните зафати кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода.
– Изградивме нови паркинзи кои се од исклучителна важност за жителите кои живеат во овој дел од општината, но ги реконструиравме и постоечките. Работевме и на реконструкција на улиците. Речиси за првпат после земјотресот, краците на ,,Ѓорѓи Сугаре” добија нов асфалт, како и крак на ,,Михаил Чаков”, а ги реконструиравме и дел од сервисните улички. Во овој зафат, не изостана ниту грижата за уредувањето на урбаниот лик и затоа ги реконструиравме и пристапните рампи до влезовите и изградивме пешачки патеки. Паралелно работиме и на други позиции со цел рамномерно развивање на Кисела Вода и унапредувањето на условите за живеење на мојот народ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.


















