Спорт

Милевски: Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник

Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.

По извлекувањето на групите за Лига на нации, Милевски истакна дека мора да бидеме на максимално ниво за да бидеме конкурентни за првото место.

Нашата репрезентација е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар.

– Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група, изјави Милевски.

Според него, денешниот фудбал едноставно не трпи поинаков пристап.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %