Максимална казна за пресеченото дрво во Кисела Вода
Инспекторатот на Град Скопје денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски”.
Дрвото, како што соопштија од Град Скопје, е исечено без нивна дозвола и одобрение.
Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира, информираат од Град Скопје.


















