Спорт

Македонските ракометари убедливо го совладаа Мароко и ќе играат за пласман на 27 место на СП

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на Светското првенство, откако вечерва во последното, трето, коло во рамки на „Президент купот“ го совлада Мароко со 40-25 и ќе игра против Јужна Кореја, в среда од 18 часот во натпревар за пласман на 27. место.

По почетните 2-2, избраниците на селекторот Кирил Лазаров нанижаа пет голови во серија за водство од 7-2 кое го задржаа до крајот на полувремето и на пауза заминаа со предност од шест голови разлика (18-12).

Македонија го отвори второто полувреме со серија од 6-0 и во продолжението рутински го приведе натпреварот до самиот крај.

Најефикасен во македонските редови беше Филип Кузмановски со осум голови, а голманот Мартин Томовски запиша 13 интервенции и беше прогласен за играч на натпреварот. ег

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %