Македонија

КОСТОВСКИ: СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ИМА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Одлуката на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за признавање на нашата православна посебност преку нашата единствена црква МПЦ-ОА ја поздравувам. Не можам да го разберам недоделувањето на томосот за нашата автокефалност што во основа може да предизвика недоразбирања меѓу помесните цркви во православието и уште подлабок раскол. Се плашам дека и во овој случај војната која што се води во Украина има силно влијание врз оваа одлука, бидејќи повеќе од јасно е дека расколот од 2018 година меѓу вселенската Патријаршија и Руската Православна црква е сè уште присутен. Овој чин добива на значење со фактот што најголем процент од православните верници во светот се денеска дел од Руската Федерација. Упатно ќе беше ваквата одлука на Вселенската Патријаршија да биде донесена во многу помирни времиња. Болно е чувството дека и религијата е веќе длабоко влезена во конфликтот меѓу НАТО и Руската Федерација, чии последици може да бидат трагични.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %