Македонија

Костовски за првото издание на Бели Мугри

Бизнисменот Трифун Костовски на својата официјална страница на Фејсбук денеска го одбележа печатењето на првото издание на „Бели Мугри“ од Коста Рацин, при што потсети и на споменикот на Рацин во Велес кој е негова донација. Споменикот поставен во 2002 година е дело на академик Томе Серафимовски. Висок е 2,80 метри и тежок 500 килограми. Фигурата на Рацин е излеана во бронза.

Објавата на Костовски ја пренесуваме во целост:

На денешен ден во 1939 во Самобор, во близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излегла од печат збирката песни “Бели мугри” од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Коста Рацин, симбол кој прв со прекрасна мисла и убав збор го опиша животниот опус на нас, Македонците преку своите песни кои и ден денеска претставуваат стожер на македонската поезија, Ленка, Тутуноберачите и така натаму.

Од љубов кон овој великан заедно со мојот веќе покоен пријател, Академик Томе Серафимовски го подигнавме споменикот на Коста Рацин во негова чест, кој денес е симбол на Велес и велешани.

Вечна ти слава мој Коста

Тутуноберачите
На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун — нашава мака
нашава солена пот!
Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Жолт — жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.
По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
Зачмаени ние го береме.
Лист по лист кини,
лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со коров поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаска горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.
Та не знаеш ли?
Денот ли дојде тој да се мери —
мерка му нема, а в градите длаби
без да се запре, без дно да најде
не тага а клетва, и в очите матни
и не сакајќи сама се дига
фуријата.
Кантарот носи лисјето златно
а в гради луто далгите беснат
на жолтата мака — на жолтиот тутун
на жолтата пот на рацете ни!

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %