Македонија

Костовски во август ќе го објави извештајот за стечајот на Еуростандард банка

Бизнисменот Трифун Костовски денеска на својата официјална страница на Фејсбук соопшти дека на 22 август годинава ќе го објави извештајот од неговата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка.

Објавата ја пренесуваме во целост:

На 22.08.2022 jа објавувам вистината за стечајот на Еуростандард банка

Почитувани граѓани на Република Македонија

Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.

Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.

Следете ме во борбата против организираниот криминал! Да ја откриеме вистината што пробаа да ја скријат!

Со почит,

Трифун Костовски

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %