Спорт

Елмас двоен стрелец во триумфот на Наполи во Лига Европа

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со два гола вчера придонесе во победата на Наполи на домашен терен над Лестер 3:2 (2:2) во завршното коло од групната фаза во Лига Европа со која италијанскиот тим обезбеди пласман во нокаут фазата.

Елмас, кој го одигра целиот натпревар, беше прецизен во 24. и 53. минута и дојде до бројката од четири постигнати голови сезонава во Лига Европа.

Со триумфот Наполи го освои второто место во групата Ц и обезбеди место во шеснаесетфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %