Династијата Јорк
Династијата Јорк (англиски: York) била кралска династија во Англија, која го презела престолот во текот на т.н. Војна на розите. Власта во Англија под Јоршката династија била во периодот од 1461 до 1485 година (со прекин 1470-1471 година). Прв крал од династијата станал Едвард IV од Англија, кој го заробил кралот Хенри VI кој пак бил од династијата Ланкастер. По смртта на Едвард IV, на престолот се качил неговиот малолетен син Едвард V, а како регент станал идниот крал Ричард III. Едвард на престолот се задржал само три месеци. Ричард III пак на престолот се задржал две години. Во 1485 година бил убиен во Битката кај Босфорт и на престолот се качил Хенри Тјудор, под името Хенри VII.
Династијата Јорк претендирала за престолот по татковата линија на Едмунд Лангли, вовјода од Јорк, кој бил четврти син на Едвард III.
Едвард IV (англиски: Edward IV; 28 април 1442 – 9 април 1483) — крал на Англија во периодот од 4 март 1461 до 9 април 1483 година, со мали прекини во периодот од 1470-1471 година, и тој е првиот крал на Англија од династијата Јорк.
Роден е на 28 април 1442 година во Франција. Бил син на Ричард Плантагенетски, трет војвода од Јорк. Неговиот татко имал претензии кон англискиот престол, за кој се водела т.н. Војна на розите помеѓу династија Ланкастер и династија Јорк. Кога татко му бил убиен во Битката кај Вејкфилд, Едвард, како негов најстар син, ги наследил неговите претензии. Со помош на Ричард Невил, Едвард успеал да ги порази позициите на Ланкастер, и во 1461 година да се прогласи за крал на Англија. Во тоа време, Хенри VI и неговата сопруга биле во Северна Англија. едвард уште еднаш успеал да победи во Битката кај Товтон.
Во 1464 година Едвард се оженил со Елизабета Вудвилска, вдовица на Џон Греј, кој загинал во војната. Со помош на помалиот брат на Едвард, Џорџ, опозицијата успеала да поведе војска која би војувала против Едвард. Еден дел од кралската армија доживеала огромен пораз во Битката кај Еџекот Мур, а самиот едвард бил заробен. Ворик се обидела да владее со земјата, но наишла на голем отпор од страна на благородниците, па морала да го пушти на слобода Едвард. Кралот на тоа не одговорил, туку сакал да се помират со Ворик и Кларенс. Но во 1470 година тие повторно организирале бунт против Едвард, но овој пат тие доживеале голем пораз и биле принудени да побегнат во Франција. Во Франција, тие дошшле во контакт со Маргарита де Анжу и се согласиле Хенри VI повторно да биде избран за крал на Англија. Така, со помош на Франција, Едвард бил принуден да го напушти престолот и да побегне. Во меѓувреме, братот на Ворик, Џон Невил, исто така преминал на страната на Ланкастер.

Едвард IV
По поразот над Едвард, Хенри повторно бил избран за крал на Англија, а Едвард заминал во Бургундија. Владетели на Јорк во тоа време биле неговиот чичко Чарлс и неговата сестра Маргарите Јоркска. Во почетокот, Чарлс немал намера да му помогне на Едвард, но француските власти објавиле војна на Бургундија, па Чарлс бил принуден да ги промени своите позиции. Така, со негова помош Едвард успеал да собере определена армија и да замине кон Англија.
По враќањето на Англија, тој наишол на големи проблеми. Градот Јорк му ги застворил портите, а тој продолжил со мобилизацијата на војници. Многу бргу на негова страна се присоединил неговиот брат Кларен. Во Битката кај Барнет, Едвард успеал да му нанесе пораз на Ворик. Многу бргу по неговата смрт бил убиен и наследникот на Ланкастер, Едвард Ланкастерски. По само неколку денови Едвард се вратил во Лондон а Хенри бил убиен. На 18 февруари 1478 бил убиен и Кларенс, поради заговор.
Останатиот дел од неговото управување било мирно, бидејќи династија Ланкастер била скоро целосно уништена а единствениот соперник останал само Хенри Тјудор, кој живеел во прогонство. Во 1475 година Едвард војувал со Франција. Во 1482 година му дал поддршка на Александар Стјуартски, брат на Јаков III Шкотски, да го зазеде шкотскиот престол.
Едвард IV починал на 9 април 1483 година, а бил наследен од страна на неговиот син Едвард V.


















