Бизнис и економија

Владата го усвои Предлогот за нови кредитни производи преку Развојна банка

Министрите на денешната 34-та седница го разгледаа и усвоија Предлогот за воспоставување на нови кредитни производи согласно економските мерки на Владата за заштита на потрошувачите и компаниите погодени од енергетската и економската криза, преку Развојната банка на Република Северна Македонија.

На денешната седница, меѓу другото, беше разгледана и усвоена првата Стратегија за развој на верскиот туризам и поддршка на активните манастири 2022-2026, предложена од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), известуваат од Владата.

Со Стратегијата се определуваат правците на развојот на верскиот туризам, кој директно ќе влијае на: зголемувањето на туристичкиот прилив од домашните и од странските туристи, засилување на верските туристички потенцијали и туристичките агенции кои работат во оваа област, засилување на соработката на верските заедници во државата и подобрување на економската состојба на државата.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %