АктуелноСтав на Костовски

ВИСТИНСКО ЗЛО

Ребалансот на Буџетот во Македонија беше донесен само со цел Владата да има средства за да ги организира локалните избори и направи поткуп на гласачкото тело! Поткупот ќе биде изразен во неколку форми меѓу кои ВРАБОТУВАЊА ВО ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА, зголемување на платите на одредени структури во администрацијата кои можат со своето незадоволство да предизвикаат негативно влијание при гласањето, бидејќи повеќе од јасно е дека актуелната Влада како најголемо гласачко тело кое очекува да гласа за нив на претстојните локални избори е токму АДМИНИСТРАЦИЈАТА! Очекувам уште нови форми на поткуп од актуелната Влада, бидејќи повеќе е од јасно дека од сработеното до сега ниту еден чесен граѓанин не е задоволен! Продолжува праксата АКТУЕЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ВРХУШКИ ДА ГО КОРИСТАТ ПОТКУПОТ КАКО ГЛАВНА АЛАТКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ВЛАСТА! Овој начин на поткуп е ВИСТИНСКОТО ЗЛО ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, од причина што и ОВОЈ ПОТКУП ГО ПЛАЌАМЕ НИЕ ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ОВИЕ ПОТКУПИ СЕ ПОТРЕБНИ НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА ОД НАДВОР СО ШТО ДИРЕКТНО ВЛИЈАЕ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАШИОТ НАДВОРЕШЕН ДОЛГ! Токму тука е суштината на ова зло! Преку легални алатки да се владее нелегитимно и на сметка на обичниот граѓанин! Мора да се најдат законски мерки за спречување на ова зло за Македонија!

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %