Спорт

Бонучи: Јувентус со Роналдо секој натпревар го започнуваше со 1:0, не може да се споредува со Влаховиќ

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи ги сподели своите очекувања од осминафиналето на Лигата на шампионите против Виљареал.

– Натпреварите против Виљареал ќе бидат многу тешки. Противникот игра добар фудбал, а имаат искуство. Но Влаховиќ е пример за играч кој може да ја држи топката кога противникот се брани длабоко. Со Роналдо, Јувентус го започнуваше секој натпревар со резултат 1:0. Својата енергија и менталитет Кристијано ја пренесе на целиот тим. Не може да се споредува со Влаховиќ, кој е сè уште многу млад, изјави Бонучи.

Средбата помеѓу Јувентус и Виљареал ќе се одигра вечерва во Шпанија со почеток во 21 часот.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %