Скопје

Без вода дел од населбата Чаир

Прекин во водоснабдувањето вечерва од 19 часот ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ” и „Панче Неделковски” и дел од ул.„Цветан Димов” во населбата Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација” Скопје.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа Ф 80мм на ул.„Коста Абрашевиќ” бр.82, а ќе трае до отстранување од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација”.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %