Екологија

АЛСАТ: Смогот нè отру, а државата сè уште нема акредитирана лабораторија за аерозагадување

Целиот прилог од телевизија АЛСАТ можете да го прочитате на овој ЛИНК.

Централната државна лабораторија за животна средина, која е дел од Министерството за екологија и натаму не е акредитирана за да го мери квалитетот на воздухот. За да може официјално да испорачува резултати, потребни се нови инструменти и обука на вработените. Еден од нив е во процедура да биде внесен во државава. Но, потоа ќе следува долга постапка за акредитирање.

„Филтрите од ПМ 10 честичките коишто ги мериме секојдневно како вкупни ПМ честички со тој инструмент ќе може да се одреди со нивнитот состав, не точно нивниот состав, туку потеклото на ПМ честичките. Дали потекнуваат на пример од дизел, дрва итн. Досега вакви анализи се правеле само надвор од државата.“

За лабораторијата годинава ќе се набавува и инструмент за да ги мери емисиите на отпадни гасови од стационарни извори, односно објекти. И за него ќе требаат обуки на вработените, но во оваа институција работат само 10 лица, некои од нив и пред пензионирање.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %