Македонија

Акции за помош за граѓаните во Пијанечко-Малешевскиот регион

Продолжуваат акциите за помош на граѓаните чии куќи настрадаа во пожарите кои го зафатија Пијанечко-Малешевскиот регион. Во најзагрозеното подрачје опфатено од пожарите, селото Нов Истевник и денеска има лица кои изразија желба да ги посетат и да им помогнат на најзагрозените од ова село.

-Овде сме за да доставиме мала помош во село Нов Истевник од клубот Пијанец од Швајцарија. Успеавме да го израдуваме тоа мало кое ни раскажа како неговиот татко го гаснел огинот за да им ја спаси куќата, рече исеченикот Марјан Маџовски кој го посети опожареното подрачје.
Маџовски додаде дека најзагрозена е состојбата на Ѕвонко од село Нов Истевник, кој по пожарот останал без се што имал.
-Сето тоа што им изгоре не може да им го вратиме, но овде сме да им кажеме дека ние сме со нив, со нивните мисли и се надеваме дека во скоро време се ќе се среди и се ќе биде во ред. Тоа што го носи Ѕвонко, тоа е единственото што му остана. Иако никој не го сака тоа што се случи, но ете се случило, ме радува тоа што селаните што се овде си помагаат, додаде Маџовски.
 
Во посета на Ѕвонко денеска беа и од граѓанскиот пункт за собирање на помош во Пехчево.
-Од пунктот е доставена храна и вода, која е донирана од страна на граѓаните и приватните фирми за помош на екипите кои што се на терен. Кога не известија дека Ѕвонко од Нов Истевник има потребa од храна и вода, утрово истата му бeше доставена. Покрената е и иницијатива за собирање на средства за обновување на куќата, за истата се координираме со градоначалникот на општина Делчево по што ќе имате дополнителни информации, истакна претставникот на граѓанскиот пункт Ана Марија Теохарова.
Таа упати благодарност до сите кои учествуваа во обезбедувањето на сето она што беше потребно во изминатите денови додела траеше пожарот на пунктот кој почнал во Пехчево, а продолжил во селото Будинарци.
-Добри луѓе, сите кои бевте дел од волонтерскиот тим со кој заедно обезбедивме се што беше потребно, сите оние коишто несебично дониравте од цела држави, а пред се мои малешевци – вие сте наши херои заедно со сите луѓе коишто беа на терен и се бореа рамо до рамо за да не спасат од ова зло. Австриските, словенските и бугарските пожарникари не за џабе велат дека ваков гостопримлив народ кој го цени сето она што го прават за нас и кој не ги остави ни за миг гладни и жедни, нема на друго место. Преживеавме ужас, а бевме сплотени како народ. Така и да продолжиме, рече Теохарова.
Освен овие донации, хуманите граѓани, поединци и фирми од Пијанечко-малешевскиот регион продолжуваат со донации во храна и вода и за сите останати кои учествуваат во гаснењето на пожарите.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %