Луѓе

Драги мои сограѓани,

Во животот запознав многу луѓе и сите тие биле уникатни со своите животни приказни, ставови, гледишта и мислења, идеи, професии, културолошко – религиски убедувања и уште многу други карактеристики. Сметам дека многу од нив имале и имаат што да кажат со цел унапредување на нашето општество во најширока смисла на зборот!

Од тие причини, во рамките на порталот „Човекот пред се“ ве канам сите вас кои сте со чиста мисла активно да учествувате во рубриката „Луѓе“ и слободно да се обратите до целата македонска јавност со ваши лични ставови во однос на теми кои сите нас не тангираат.

Вашите текстови можете да ги испратите на lugje@covekotpredse.mk , а нашиот тим ќе ги разгледа и објави на порталот доколку истите не содржат говор на омраза, клевети или навреди.

Ваш Трифун Костовски