Став на опозиција

ЛОШО

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Прилеп во рамки одбележувањето на 21 година од погибието на 10-те армиски припадници кај Карпалак, истакна дека власта која го испразни буџетот заради криминал и погрешни политики сега удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не само што е против зголемени даноци, туку е и за намалување на постојните.

Николоски нагласи дека зголемувањето на даноците е дополнителен удар имајќи предвид дека доаѓа грејна сезона, цените на енергенсите растат, а власта ништо не презема.

– Тоа е лоша работа, некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија во есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме. Грејна сезона почнува некаде за два месеци од денес. Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат високо и ништо не се прави од страна на власта да се ублажи тој удар. Дополнително затоа што буџетот е празен заради лоши економски политики и заради криминал и корупција, го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и на претпријатијата, односно да се зголемат даноците, изјави Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и дека бизнисот треба има ниски даноци за да може да се развива и да отвора нови работни места.

– ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места, рече Николоски.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ПРИНЦИПИ

ВМРО-ДПМНЕ Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, ...
Став на опозиција

МОЛК

Опозициските партии останаа неми на резултатите од истрагата за стечајот на Еуростандард банка.
Став на опозиција

ТЕНДЕРИ

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %