Сексуална азбука

Буква О

Ооооох, колку многу труд, неверојатно потфати, потези и дози за само триесетина секунди оргазам! Може ли човечкиот организам да се предозира со оргазам?! Човекот како разумно битие разумно се контролира и контролирано прави паузи, дури и кога се во прашање сексуални зависници, нимфоманија, сатиријаза и слични „сексовердоуз“ фобии и мании. За разлика од човекот, глувците не би постапиле толку разумно. Група научници поврзале глушец со електричен стимулатор за оргазам и со секое притискање на направата глушецот доживувал оргазам. Среќен заборавил и на храна и на вода, не престанал да го притиска копчето додека не пцовисал – гладен но задоволен.

Неговото височество Оргазам го има приоритетното место во целата сексуална азбука, тој е почеток и крај, повод, причина и последица, прв и последен, последователен, повеќекратен, посакуван до последен здив дури и во длабоката старост, што би рекол Кит Ричардс од Стоунси: „сексот во староста е повозбудлив, никогаш не знаеш дали ќе доживееш оргазам или инфаркт“. Неслучајно Французите, кралеви на јазични бакнежи т.н. „френч кис“ имаат свој назив за оргазам le petit mort или „мала смрт“. Оргазмот низ минатото бил забранетото овошје и вечна мечта за жените, на кои патријархалниот и пуритански систем на воспитување им наметнувал стереотипи и ограничувања за оргазмички задоволства. Мажите имаат очигледна биолошка функција на исфрлање сперма, а жените може да исфрлаат звуци, извици, гримаси, фрустрации, но и овлажнувачко задоволство кое завршува со сјај во очите, руменило на усните и така натака … Оргазмите се индивидуални колку и индивидуалноста на човекот, за секого има по еден автентичен колку и отпечаток од прст, но сите имаат заеднички именител – здрава и витална посластица. Сексот е кардиоваскуларна вежба за симнување на „лошиот“ холестерол, зголемување на кислородот во мускулното ткиво, сјајна и еластична кожа, зацврстување на коските и мускулите, зголемување естроген кај жените и заштита на срцето, емоционално ослободување на сите можни стресови и непријатности. Во книгата „Сексуална интелигенција“ на д-р Шери Конрад и Мајкл Милберн, дадени се поразителни резултати од истражувањата за партнерски секс. Една третина од групата испитаници од 18 до 39 години се изјаснила дека има секс еднаш месечно, а секој трет маж или жена оптимални два пати неделно!

Истражувањата на оваа тема се специфични, а статистиката отежната, патем испитувале Американци, а не Балканци и не мораме да им веруваме. Но она во што треба да веруваме е фактот дека оргазмот, како здрава последица на секс од кои било причини, е битен за животните радости и сладости. Една од филмските митови, но и романтични моменти во љубовна врска е истовремен, т.н. симултан оргазам, редок но возможен. Обично се игра играта „чекање“. Џентлменски воздржано првин тој чека, а после таа задоволно возвраќа на чекачот. Упс, заборавив дека сме модерно време на бришење полова различност и употребив машка и женска показна заменка. Секако, може да биде чекањето меѓу двајца мажи и две жени (тој + тој или таа + таа) или уште помодерно со неколку тој + таа + тие + оние и.т.д. што е заменски опис за тројка или за повеќезбирни баханалии од времето на Стара Грција и Рим, т.н. оргии. Инаку зборот оргазам е од грчко потекло и значи „горам од жестокост“ = orgao. Врвот на сексуалниот чин после кој возбудата го напушта мозокот и телото се смирува, обично заспива. Мажите најчесто не знаат што да му прават на исцрпеното женското тело „обесено“ крај нив и неретко по оргазмот заспиваат. Оргазмот ја зафаќа целата личност, се менуваат многу психо-физички функции во организмот, но после тие фамозни триесетина секунди, сè се враќа на своето претходно место (сè освен растурената постела, хаосот на местото на настанот и фризурата). За разлика од мажите кои заради ејакулацијата не може да одглумат оргазам, жените тоа го можат, а возможни им се две опции за оргазам, вагинален и клиторален. Вагиналните се поретки и не така силни и драматични како клиторалните кои може да ве одлепат од тлото и залепат за плафонот. Вагиналниот е како бран кој се шири низ целиот организмот, а клиторалниот е како ерупција околу клиторисот. Возбудата почнува од главата, од мислата, а завршува (свршува) со пулсирање на половите органи.

Оралните оргазми се дупло задоволство на едно место – почнуваат и завршуваат во устата, најзаводливиот орган поради моќниот јазик способен за двојна стимулација – и со збор (обично перверзен и безобразен збор) и со допир. Оралниот секс го одложуваме за последната буква од азбуката, букватљ Ш и поза шеесет и девет, не заради ефектот на продолжено уживање, туку заради поврзаноста на позата 69 со буквата Ш. Освен истовремен оргазам, за мажите карактеристичен е т.н. одложен оргазам, (жените не одложуваат за после она што може веднаш да го сработат), а за жените освен клиторален и вагинален возможни е повеќекратен. Должината кај мажите е индивидуална и пропорционална со инспирацијата и колку често исфрлаат сперма, некогаш кратка колку здив, некогаш долготрајно цедење со бревтање. Повеќекратен оргазам не значи повеќе пати секс во тек на денот, туку привилегија на ретките. Метафорично тоа би значело јавање на бранот од почетокот на оргазмот дур не се почувствуваат уште две – три силни и последователни пулсирања. Како и да е, оргазмот е крал на сексот, трон за наслада, врвната секунда од љубовната игра на две тела споени во едно.

О-Оргии (orgia – таен верски обред): првобитното значење е поврзано со баханалиите и славењето на Богот на виното Дионис, со дионизиски свечености – развратни оргии со храна, вино и блуд. Но оргиите низ историјата не останале во минатото како монопол на старите народи. Новите народи и новото време сè уште поразвратни, поприсутни и згора на тоа медиумски и компјутерски поткрепени. Основниот мотив за оргии е потребата за сексуално изживување во име на слободата. Неконтролирани во промискуитетноста уживаат во слободата без моралната обврска и општествена одговорност. Придружен елемент на оргиите се алкохолот и дрога. Секс во тројка е нешто „поумерен“ подвид на групен секс, честа мечта која делува стимулативно при секс во двојка, која ретко се остварува во реалност. Некому му се допаѓа моментот да биде виден од повеќе луѓе, да е во центар на внимание, некому помислата дека сè одеднаш може да се задоволи со дуплирани органи, а некој од чиста љубопитност сака да проба. Но, сериозноста на ситуацијата може да ги измести чувствата и емоциите, па работите да излезат од контрола. Тогаш учесниците од тројка може да се лизнат на соло. Сепак, кога некого вистински сакаш и почитуваш, не би дозволил физички да го делиш со друг во најинтимниот чин, неприродно е. Дури и помислата за групен секс може да направи потенцијален проблем. Патем, Господ ако сакал да имаме групен секс би ни дал повеќе органи.

О – Оргастички сништа: полова возбуда при сонување и доживување оргазам во сон. Физиолошка појава и несвесно полово дејство. Бидејќи свеста спие не може да го контролира несвесниот дел од психата. Во тек на спиењето може несвесно да ги манифестира посакуваните и неостварени желби, интимни фантазии од сексуална природа.

Сонот е вид несвесна исповед преку чија анализа дознаваме суштински работи за личноста, не е секогаш бесмислен или случаен. Оргазмот за време на спиење може да укаже за природата на возбудата, со кого би сакал да го доживее реално, но не мора и да е веродостојна. Како и да е, привилегија е, без малку труд за време на спиење доживуваш нешто што некој не може ни на јаве.

О-Орална еротика: психоаналитички поим за сексуално задоволство околу усната регија – прва ерогена зона во животот на човекот, местото каде го доживува првиот сексуален нагон. Цицањето на палецот кај бебињата е идна компонента на половиот (орален) нагон и задоволство. Задоволството при доењето и лежењето врз мајчините гради, држење цуцла, палец и други предмети во уста е природен нагон кај малите деца.

Затоа е тешко одвикнувањето, неретко со долготрајно плачење и тагување. Фиксацијата на оралната зона може да продолжи во тек на животот при полово општење, чувство на задоволство без бакнување или орален секс речиси невозможно. Но, ништо од тоа не е докажано или апсолутно точно, сепак е индивидуално и автентични доживување на орално задоволство. Патем, некому држење луле, пенкало или лижавче во уста може да биде имитација, подражавање или тренд.

О-Онанија: погрешен синоним за мастурбација, за која пишувавме на буквата М. Именката е изведена од личното име Онан спомнат во библијата и поврзан со намерно прекинат однос за да се исфрли спермата и спречи можна бременост. Онан, според старите израелски закони, бил должен да се грижи за снаата на убиениот брат. Бидејќи не сакал да му роди дете ја исфрлал спермата надвор (онанија). Според библијата Јехова ќе го казни Онан со смрт.

О – Обрежување: циркумцизија, оперативен зафат на глансот на пенисот со кој делумно или целосно се отстранува кожичката преку препуциомот на пенисот. Обрежувањето било обичај кај древните африкански и азиски народи (на египетските мумии пронајден е доказ за обрежување уште во 16 век пр. н. е.) и во муслиманската религија до ден-денешен. Според грчкиот историчар Херодот (5 век пр. н. е.) обрежувањето било од здравствени причини. Факт е дека неодржувањето хигиена на пенисот може да биде причина за полови зарази, поради насобирањето на смегмата под препуциумот.

Ако не се води хигиена сирестата маса може да предизвика зарази, особено во топлите клими. Според некои аналитичари, обрежувањето бил магиски чин поврзан со принесување жртви и наместо цел човек да се жртвува, да се примени жртвување на дел од човекот, „pars sro toto” (дел наместо целина). Така обрежувањето станал хуман, патем и здрав начин да се задоволат боговите, а жените спасат од можни зарази. Аналогно со машко обрежување постои и женско обрежување, но за тоа веќе е пишувано на буквата К – клиторис.

О-Обични парови со одличен секс: тоа се оние просечни парови, брачни или вонбрачни, кои токму во таа обичност уживаат одличен секс. Некој за моногамијата ќе рече дека е монотонија, но не е баш така ако се погодат партнерите. Предностите на стабилна и долгогодишна врска се повеќебројни и кога ќе ги ставите на кантар со „придобивките“ од промискуитетноста, „монотонијата“ е само мит. Да наброиме неколку предности на долги врски без изневерување: * Може да имате секс било кога и каде било без подготовки, знаете дека сте си привлечни еден на друг. * Опуштено и без фрустрации ако не ви е денот – има ден за мегдан. * Не користите кондоми. * Ако забегате со фантазијата знаете дека нема погрешно да ве сфати. * Си ги знаете сите можни ерогени зони и „копчето“ за оргазам. * Сексот може да ви се развива во сите можни облици, пози и невозможни мисии на обострано задоволство. * После ноќен секс кога ќе се разбудите утрото не се чудите кај сте и што ве снашло.

Таков секс имаат токму обичните парови за кои не ви е ни на крај умот дека се одлични во кревет. Патем и изгледаат обично, проселно, дури и непривлечно. За слабата страни на моногамниот живот виновна е рутината, повторување на едно те исто кое додатно се оптоварува со семејни проблеми, но поголем процент на жени не би се развеле и покрај пропаднатиот брак. Најчест период за вонбрачни излети е кога децата ќе пораснат, некаде околу петтата деценија, додека сексуални најактивни се паровите во третата деценија од животот. Вообичаено обични статистички податоци зад кои секогаш има уште толку исклучоци.

 

Можеби ќе ви се допадне

Сексуална азбука

Буква А

Ааах тој секс… Неверојатно колку многу се користи буквата А при сексуални односи, или повозвишено ...
Сексуална азбука

Буква Г

Грррр … Громогласна, Грлата, Грешна, Голем, Галантен, Геј, Големина – некому фрустрација, некому сатисфакција. Буква ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %