Екологија

Ќе се градат регионали системи за управување со отпад

На денешната 73-та седница на Собранието пратениците со 60 гласа за и ниеден против го усвоија Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.
Со овој заем ќе се обезбедат средства во висина од 55 милиони евра за изградба на регионалите системи за управување со отпад за Полошки регион, Југозападен и Пелагониски регион и за Вардарски и Југоисточен регион.
Средствата ќе се користат за изградба на централни депонии, за изградба на трансфер станици, за набавка на камиони и контејнери, како и за затварање на постоечки диви депони за наведените региони.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %