Спорт

Штипска Брегалница се засили со репрезентативец од Јамајка

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Јамајка, Колин Андерсон, е најновото засилување на штипска Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Андерсон доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Арнет Гарденс исто така во домашниот шампионат.

За националниот тим 24-годишниот Андерсон досега има два официјални настапи.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %