Историски семејства

Хари и Меган тајно ќе крстат Лилибет

Кралскиот експерт Ричард Фицвилијам тврди дека принцот Хари и Меган Маркл тајно ќе ја крстат својата ќерка Лилибет во САД.

Принцот Хари и Меган Маркл го добија своето второ дете во мај оваа година, девојчето Лилибет Дијана кое наскоро планираат да го крстат.

Во последните недели, беше објавено дека се надеваат дека крштевањето ќе се случи во замокот Виндзор, во присуство на прабабата на Лилибет и бабата на Хари, кралицата Елизабета Втора, но кралскиот експерт Ричард Фицвилијам сега тврди дека имаат поинакви планови.

„Тие ќе ги направат работите на свој начин. Се поверојатно е дека крштевањето на девојчето ќе се случи во татковината на Меган и во строга тајност”, рече експертот на британски Експрес.

Двојката, која живее во Санта Барбара со своите две деца од напуштањето на кралската функција, досега нема објавено никакви фотографии од малата Лилибет, освен онаа што Меган случајно ја прикажа на видео на нејзиниот 40 -ти роденден, па Фицвилијам ова го гледа како доказ дека одлучиле да играат според свои правила.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %