Фудбалерите до 15 години ја совладаа Ерменија
Младата машка фудбалска репрезентација на Северна Македонија до 15 години денеска ја совлада Ерменија во рамките на првиот натпревар од УЕФА развојниот турнир за репрезентации до 15 години.
Со погодоците на Стефан Бујароски, Александар Грашевски, Стефан Бранковски (два) и Давид Ангелевски, репрезентацијата на Северна Македонија победи со 5-1.
Покрај нашата селекција на турнирот учествуваат и репрезентациите на Косово, Малезија и Ерменија.
Контролните натпревари се одигруваат на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Следниот натпревар на младите репрезентативци е закажан за во среда од 16 часот против Малезија.


















