Усвоен е предлог законот за инспекциски надзор во животната средина
На денешната 69 Седница на Собраниеот на Република Севрна Македонија со 62 гласа ЗА беше усвоен Предлог Законот за инспекциски надзор во животната средина на Министерството заживотна средина и просторно планирање.
По неколку неуспешни обиди во минатото МЖСПП пристапи кон повторна изработка и подготовка на овој предлог на Закон за инспекциски надзор во животната средина со што одговори на специфичните потреби на инспекцискиот надзор во животната средина и го усогласи со барањата од ЕУ законодавството во областа и исполнување на нотираната обврска во последователните извештаи за прогрес мониторинг на Европската Комисија.
Законот ќе овозможи отпочнување на реформски процес за подобрување и реорганизација на инспекцискиот систем за животната средина на национално и на локално ниво и унапредување на инспекторирањето со што ќе обезбеди подобра заштита на животната средина
Преземено од Фејсбук профилот на Министерството за животна средина


















