Три генерации сликари
Семејството Корубин раѓа неповторливи сликари веќе 100 години! Миле, Рубенс и Михаил се уметници кои оставиле и допрва ќе остават траги во Македонската уметност со своето творештво.
Миле Корубин е роден во 1922 година во Прилеп. Во 1951 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Работел во Историскиот музеј во Македонија.

Специјализирал во Париз во 1963/64 година. Неговиот сликарски опус минува низ неколку различни дискурси. Во раната фаза доминантни се влијанијата на некои француски сликари. Најчести мотиви му се фрагментираните урбани пејзажи-патеписи од различните земји во кои престојувал. Богатата колористичка експресија во последната, апстрактна фаза е смирена и артикулирана низ топлите тонски градации. Добитник е на многу награди и признанија. Починал во 2000 година.
Рубенс Корубин е роден во 1949 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, а во 1976 завршил постдипломски студии во класата на Младен Србиновиќ. Зад себе има повеќе самостојни и групни изложби, како во земјата, така и во странство. Самостојно изложувал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и во Париз. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјата и странство.
Корубин е автор и на два монументални мозаика: „Пелинце 2004“ и „Cupidae Legum Iuventuti“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Добитник е на пет национални награди, меѓу кои и Гран при на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2005 година. Женет е со модниот творец и мозаичарка Лиле Корубин со која имаат два сина Дамјан и Михаил.

Во кариерата одржал многу самостојни изложби меѓу кои: 1979 Скопје – Галерија ДЛУМ, 1980 Сомбор, „Уметничка есен“ 1980 Скопје, Културен центар на Град Скопје 1982 Белград, Уметничка галерија на кулутрниот центар 1985 Прилеп, Дом на културата Марко Цепенков 1985 Битола, Уметничка галерија Моша Пијаде 1985 Скопје, Уметничка галерија Даут Пашин Аман 1987 Belgrade, Уметничка галерија Атриум 1992 Скопје, Уметничка Gallery Даут Пашин Аман 1997 Париз, Уметничка галерија Le Lys 1998 Скопје, Уметничка галерија МАНУ 2001 Скопје, Музеј на Град Скопје 2010 Скопје, Културен информативен центар – Скопје „Месечеви приказни“ 2011 Скопје, Канада, Безпала Браун Галерија „Уметникот и неговата муза“.
Најмладиот од нив, Михаил е роден на 11 април 1986 во Скопје, Македонија. Михаил завршил на Академијата за ликовна уметност – Скопје, како и постдипломски студии отсек сликарство во класата на Проф. Благоја Маневски. Според списанието „Style.No.Chaser“, за Михаил е напишано „Комбинира стилови и техники за да развие примамливи текстури кои се речиси кинематографски по изглед. Михаил го негува фактот дека пораснал во дом каде што уметноста беснеела, а неговите рани уметнички спомени од детството, вградени некаде во главата, понекогаш мистериозно се појавуваат во неговата работа денес.

Тој има создавано колоритни и експресивни портрети во масло и акрилик на платно кои доловувале суптилни гестови кои лесно може да се земат здраво за готово во секојдневните интеракции. Сепак, во неговите дела, овие кратки погледи и движења зборуваат за рамката на умот на една личност. Суштината на неговите дела била да го спои реализмот со апстракцијат, чинејќи се дека лебдечките форми и размачканите бои го формираат говорот на телото на субјектите исто колку и нивните физички карактеристики.
Михаил Корубин е творец на правец на уметнички геометриски симболи кои ги има наречено „Артокенс“.
„Артокенс” е кованица од два збора “Арт” и “токен” кои што на кратко би значеле уметнички симболи. Артокените се артистичка репрезентација на одредени и одбрани зборови кои означуваат чувства, емоции, карактери, природни појави итн. Секогаш создадени и оформени од скоро совршени едноставни геометриски форми, како круг, триаголник, квадрат и слично.


















