Тимур Дибиров втор најдобар стрелец во есенската полусезона на ЕХФ ЛШ
Руското лево крило на РК Вардар, Тимур Дибиров, со 58 погодоци е вториот најдобар стрелец во есенската полусезона на ракометната ЕХФ Лига на Шампиони.
Дибиров, второто место, со по исто 58 погодици го дели со Тобиас Грондал (Елверум) и Микел Хансен (ПСЖ).
На првата позиција се наоѓа Алеиш Гомез од Барселона со 59 реализирани погодоци.
Во елитното европско клупско натпреварување, по десет одиграни кола, екипата на РК Вардар 1961 се наоѓа на седмото место со пет освоени бодови.
Билансот на РК Вардар на крајот на првиот натпреварувачки дел во ЕХФ Лигата на шампиони, е две победи, еден нерешен резултат и седум порази.


















