Екологија

Тесла постигна рекордна продажба

Производителот на електрични автомобили „Тесла” се справи со проблемите со синџирот на снабдување и глобалниот недостиг на микрочипови за да забележи рекордна квартална продажба и профит, објави Би-Би-Си.

Приходите се зголемија на 13,76 милијарди долари во третиот квартал наспроти 8,77 милијарди долари  една година претходно.

Компанијата, раководена од милијардерот Илон Маск, објави нето добивка од 1,6 милијарди долари и продаде 241.391 автомобил.

„Го постигнавме нашиот најдобар нето приход, оперативен профит и бруто добивка”, соопшти „Тесла”.

Компанијата соопшти дека Кина останува главен извозен центар и планира да пласира различни типови батерии во своите стандардни возила низ светот.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %