Скопје

Соработка на Институтот за стандардизација и Општина Чаир

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија потпиша договор за давање трајно користење на движни ствари на Општина Чаир, за потребите на Општинското Основно Училиште „Хасан Приштина”-Чаир-Скопје.

Директорот на Институтот за стандардизација Џеват Кицара ја потенцираше соработката со општината, која, како што рече, воедно е и членка на Институтот и ги користи привилегиите од областа на стандардизацијата.

-Живеејќи во време на брз развој на технологијата особено во процесот на образование на младите и амбициозни ученици се надеваме и веруваме дека оваа донација ќе послужи за цели кои ќе водат кон натамошен нивен напредок, рече Кицара, соопштуваат од Институтот.

Тој изрази надеж дека овој Договор ќе послужи како добар пример и во иднина да се потпишуваат, како што рече, вакви значајни договори со останатите членки на Институтот и со тоа придонесувајќи во подобрување на општествените услови и животниот стандрад.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и заменик  преседателот на Советот на ИСРСМ Илир Шабани, советникот и член на Советот на ИСРСМ, Вилијам Христовски, раководителот на Одделението за правни и општи работи и човечки ресурси на ИСРСМ, Лирим Кадриу, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и директорката на ОУ „Хасан Приштина”, Љуљиета Ќерими.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %