Се е во наши раце!
Македонската фудбалска репрезентација ја има судбината во свои раце за место во баражот за пласман на СП 2022 во последното коло од квалификациите на мечот против Исланд. Во недела во Скопје, откако Романија ремизираше во Букурешт против Исланѓаните Македонија ќе има шанса за историски пласман во баражот.
Романија одигра слаб натпревар против Исланд, а Исланѓаните успеаја да се одбранат, па Македонија сега е во предност пред Романците пред последното коло од квалификациите.


















