Култура

Се дигитализира ракописот на Рацин

Ласко Ѓуровски, кој е типограф и графички дизајнер, на својот Фејсбук профил го најави проектот „Дигитализација и изработка на автентичен фонт според ракописот на Кочо Рацин“.

Тој објави фотографија со пример од процесот на работа.

– На сликата лево е оригиналниот ракопис на Рацин, напишан во неговиот бележник, најверојатно со молив, десно од него е мојата дигитализацијата на ракописот, а на сликата најдолу е финалната верзија на фонтот. Досега се изработени 24 мали кирилични букви. Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише, нагласи Ѓуровски.

Линк до објавата на Ѓуровски

Ѓуровски пред две години беше дел од тимот што го создаде првиот, воопшто создаден кирилски фонт за лицата со дислексија  DyslexicFZF.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %