Сеча кај ОУ „Братство“
Забележана е сеча на дрвја во близина на основното училиште „Братство“ во скопската населба Карпош, информираат од О2 Иницијатива.
Нивната објава на Фејсбук ја пренесуваме во целост:
„Зелениот појас, дел од училишниот двор на Братство, оди крубан (ул. Гаврил Лесновски, Тафталиџе 2). Децениската маслинка се исече, што друго ако не „сува била“. Имаше исушени гранки, никој не ја одржуваше, но не беше исушена. Самите работници си одлучуваат, нит Решение со нив, ништо. Паркинг места се прават. Зошто кога на места на индивидуални куќи се градат згради, треба поголеми улици, паркинг места нема, па земи од јавното добро, зошто колите сега каде ќе си ги паркираат.“
Фотографијата е преземена од Фејсбук профилот на О2 Иницијатива.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/photos/pcb.4096669210450375/4096619957121967/


















