Екологија

Сеча во населба Аеродром

На улица Васко Каранѓелевски во населба Аеродром пред 3 дена се сечеа здрави дрвја, реагираа граѓани да се спаси колку се може, но прашање до кога. И тоа се случува постојано, оправдување дека се болни не ја намалува одговорноста, катастар треба да има, а и состојбата на дрвјата треба да се следи, да се проба да се спаси со време.
Дрвјата значат живот, но во новокомпонираните “урбани умови“ дрвото може да е сериозен непријател, посебно кога се заканува на неговото величество паркинг простор, па уште едно и „никнало“ на самиот влез на паркинг за новозиградена зграда на ул. Рузвелтова. За овој случај имаме информации дека се ургирало да се сече и за среќа стручните служби не дале одобрение. Но за народ како нас научен на Итар Пејо итроштини, нема да не може, „се снашле“ – истураат бетон врз корените, едното го забетонирале на ред е другово пред гаражата, не и ни прво ни последно во тој ред каде постепено ги снемува, ама барем ќе има 30цм плус паркинг простор. Се надеваме дека Инспекторат на град Скопје , Danela Arsovska ќе реагираат да се отстрани бетонот. Ги има во градов повеќе, направете акција да се ослободат.
Преземено од Фејсбук профилот О2 Иницијатива

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %