Историски семејства

Семејство Манаскови

Презиме што значи минато, сегашност и иднина на македонскиот ракомет! Пепи, Дејан и Мартин комбинирано веќе 45 години тресат мрежи по Европа. Кога велат „крушата под круша паѓа“ веројатно мислеле на семејството Манаскови…

Пепи Манасков е роден во Велес, на 19 август 1964 и е поранешен македонски ракометар, член на македонската ракометна репрезентација кој поради своите врвни квалитети и популарност е сметан за легенда на македонскиот ракомет со што е прогласен и за најдобар македонски ракометар на ХХ век.

Во 1977 година ја започнал својата кариера во РК „Борец“. Во текот на својата богата спортска кариера играл во македонските клубови „Пелистер“ (со кого играл во финалето на купот на СФРЈ во 1986) и „Вардар Ватростална“. Имал и богата интернационална кариера во странство во клубовите „Кретеј“ од Франција, „Хамелн“ од Германија, „Филипос“ од Грција и „Пивоварна Лашко“ од Словенија. Настапувал за репрезентацијата на СФРЈ, а со репрезентацијата на Македонија учествувал на ЕП 1998 во Италија и СП 1999 во Египет. За националната репрезентација на Македонија одиграл 84 натпревари во кои постигнал 264 голови.

По завршувањето на својата 29-годишна играчка кариера во 2006 година, тој се обидува како тренер во повеќе наврати во „Борец“ и „Металург“.

Дејан Манасков е роден на 26 август 1992 година во Кретеј, Франција и е повозрасниот син на Пепи Манасков. Дејан е постојан македонски репрезентативец и настапува на позицијата лево крило.

Во мај 2014 година, во изборот на специјализираниот портал “Хендбол планет”, Манасков влегол во идеалниот тим на светот составен од млади ракометари, на позицијата лево крило. Во јануари 2015 година, Манасков беше дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.

По големата финансиска криза во која западна РК Металург, во февруари 2015 година, Манасков го напушта клубот и заминува во германскиот клуб „Вецлар“ за кого дебитира на 14 февруари 2015 година.

Во март 2015 година, РК „Вардар“ објавува дека потпишал тригодишен договор со Дејан Манасков, почнувајќи од сезоната 2015-2016, со важност до јуни 2018 година.

Во сезоната 2016–2017 настапува за Рајн-Некар Левен, додека следната 2017-2018 за РК Веспрем каде што игра и денеска.

Мартин Манасков е најмладиот од семејството ракометари, роден на 7 јуни 1994 година. Моментално настапува за ГРК Охрид на позицијата среден бек. За Макеонската репрезентација настапува уште од 2013 година во младинските категории

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %