Скопје

Реконструкција на патеки и дел од коловозот на булеварот Кочо Рацин до ул.Павел Шатев

Град Скопје започна со реконструкција на патеки и дел од коловозот под подвозникот на булеварот Кочо Рацин до улицата Павел Шатев, на барање на граѓаните кои се движат на овој потег од градот.

На терен интензивно работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а градежните активности опфаќаат покрај реконструкција на патеките, замена на оштетените рабници и нов потпорен ѕид.
Со решавање на овој долгодишен проблем во овој дел од градот, дополнително покрај санацијата се зголемува безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и велосипедистите.

На истиот потег Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило, на барање на жителите го трансформираат земјениот простор кој со години бил користен како див паркинг во нова паркова површина од 1600 метри квадратни, со дрвја, садници, летниковци и дополнителни содржини, за уживање и рекреација на посетителите.

Фејсбук објава на Данела Арсовска

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %