Скопје

Реконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба

JП Улици и Патишта по налог на градот Скопје целосно ги реконструираше спортските игралишта во парк шумата „Гази Баба“.

Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка се реконструирани за првпат по неколку децении, а партерно се уредува и зазеленува и теренот околу игралиштата.

Истовремено, екипи на Комунална Хигиена Скопје заедно со екипи на ЈП „Улици и Патишта“ во заедничка акција подигнаа големи количини отпад и шут од парк шумата „Гази Баба“, а инспекторатот на град Скопје активно делува во општината со цел санкционирање на загадувачи.

Граѓаните кои живеат на овој дел од градот Скопје, добиваат уште едно катче за спорт и рекреација.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %