Редовен инспекциски надзор во поранешна фабрика Охис
Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион преку Виш инспектор за животна средина-Раководител на Одделението Пејо Кировски, согласно месечен план за работа за месец јануари изврши редовен планиран инспекциски надзор во правен субјект Полиеко Балкан. При надзорот е изготвен и Записник за констатираната состојба.
Во моментот на локацијата не се вршеа никакви активности. Делови 1 и 2 се целосно исчистени и количините од 960 тони отпаден линдан се извезени во Франција.
Контаминираната почва е сместена во 7 метални контејнери од кои 3 се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите 4 контејнери согласно планот ќе се извезат исто така во Германија за деконтаминација.
Исчистените два дела согласно проектниот договор во малата депонија под т.н балон се покриени со најлонска фолија.
Државниот инспекторат за животна средина врши континуиран инспекциски надзор на локацијата во поранешен ОХИС.


















