Здравје

Пушилин ги негираше извештаите за колера во Мариупол

Во Мариупол нема епидемија на колера, епидемиолошката состојба е под контрола, а паниката се шири од украински извори, изјави денеска претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин.

– Тоа би го нарекол ширење на паника од украински извори. Ситуацијата е под контрола. Телата на загинатите за време на војната беа погребани според процедурите спроведени по судско-медицинскиот преглед, посочи Пушилин.

– Нема толку многу тела на загинати кои сè уште се под урнатините за да се зборува за епидемија, изјави Пушилин за руски и странски новинари.

Според него, сега работат групи во кои има форензичари и вработени во обвинителството и службите за поддршка.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %