Скопје

Промоција на проектот на ГИЗ – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција”

Од денеска започнува да се спроведува проектот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција.” Проектот ќе биде промовиран денеска во Скопје. 

Проектот има за цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА преку поддршка на спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар.

На настанот ќе присуствуваат министерот за економија Крешник Бектеши, Давид Оберхубер, претставник на ГИЗ во Северна Македонија, Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во   Република Северна, Ото Граф, заменик-раководител на Мисијата на Германската амбасада во Северна Македонија и Емир Џикиќ, директор на ЦЕФТА Секретаријатот.

Проектот е поддржан од Европската комисија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %