Екологија

Промоција на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“

Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“, кој го имплементираат Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Меѓународната агенција за миграција (ИОМ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Економска комисија за Европа на Обединетите нации (УНЕЦЕ).

-Со финансиска поддршка на Заедничкиот фонд за Целите на одржливиот развој и кофинансирање од ЕБРД, локалните банки и Владата на Република Северна Македонија проектот значително ќе го подобри пристапот до поволно финансирање за малите и средните претпријатија, но и за граѓаните за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност, соопштија организаторите на настанот.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %