Скопје

Претрес во Скопје, пронајден килограм марихуана, приведен дилер

Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од скопскиот Основен кривичен суд,  извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје.
При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %