Спорт

Премиерлигата повторно воведува пет замени

Клубовите од Премиер лигата гласаа за воведување пет замени на натпревар од почетокот на новата, 2022/23 сезона.

Одлуката е донесена на собранието на клупски акционери, соопшти вечерва раководството на англиското првенство.

Замените ќе можат да се извршуваат во три наврати во текот на натпреварот, несметајќи го полувремето, а клубовите во официјалните записници можат да пријават по девет резервни фудбалери.

Премиерлигата, исто така, донесе одлука од понеделник да престане со ковид тестирање на фудбалери и клупскиот персонал два пати неделно, а ќе се тестираат само оние со симптоми на вирусот.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %