Презентација на истражувања во средните училишта за говор на омраза, булинг и дискриминација
Институтот за човекови права во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза” поддржан од Германска амбасада во државава, денеска организира конференција која ќе се одржи во Скопје.
На конференцијата, како што соопштија од Институтот за човекови права, ќе бидат презентирани финалната анализа и истражувањата од анкетите спроведени меѓу учениците во средните училишта на Град Скопје на тема говор на омраза, врсничко насилство (булинг) и дискриминација.


















