Екологија

Почнува еколошката акција „Генералка викенд“

Од денеска до 14 мај во 53 општини и 450 училишта низ државава ќе се одржува еколошката акција „Генералка викенд“.

Во акцијата ќе бидат вклучени повеќе од 16 000 волонтери, а ќе се собира отпадот од локациите мапирани од секоја општина посебно.

За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен Крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.

Во реализација на годинашниот трет „Генералка викенд“ се вклучени Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак. Поддршка обезбедија Шпаркасе Банка, Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата и да се вклучиме во „Генералка викенд“, акција која ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина, порача министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, еден од првите пет приоритети е Зелената транзиција.

-За секои 10 килограми собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот со разновиден растителен и животински свет, вели Николовски.

Волонтерите од Пивара Скопје, заедно со останатите партнери и заинтересирани граѓани, денеска ќе го собираат отпадот на локација во атарот на селото Јажинце под општина Јегуновце, во подножјето на Шар Планина.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %