Спорт

Познати ривалите на македонските фудбалски репрезентации до 17 и 19 години за новиот квалификациски циклус

Македонските фудбалски репрезентации во машка конкуренција до 17 и до 19 години денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа противниците за следните евроквалификации што ќе се одиграат во 2023 година.

Репрезентацијата до 19 години ќе игра во групата 5 против Германија, Полска и Казахстан.

Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде Полска од 9 до 18 декември идната година.

Жрепката одлучи репрезентацијата до 17 години да биде дел од групата 8 заедно со Шпанија, Словачка и Малта.

Домаќин на квалификацискиот турнир во октомври идната година ќе биде Малта.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %