Спорт

ПМФЛ: Лидерот Струга се засили со Кривањева

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга, ги засили денеска своите редови со 26 – годишниот централен дефанзивец Бесарт Кривањева.

Поранешниот македонски младински репрезентативец доаѓа во редовите на Струга од косовската Суперлига, откако претходно настапуваше и во македонските екипи Металург и Шкупи.

Лидерот во ПМФЛ подготвувките за пролетниот дел од сезоната ги почна во Струга, од 24 јануари до 5 февруари ќе се подготвува во Турција, каде тимот предводен од тренерот Срѓан Захариевски ќе одигра и неколку контролни натпревари.

Струга ја заврши есенската полусезона во ПМФЛ на водечкото место со 36 бодови, пет повеќе од второпласираниот Шкупи, кој има одиграно натпревар помалку.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %