Пентагон се извини: Нападот врз Кабул беше смртоносна грешка
Пентагон призна дека американскиот напад со беспилотно летало во кој загинаа неколку цивили во Авганистан минатиот месец беше грешка, бидејќи истрагата покажа дека загинале само цивили, а не екстремисти од Исламската држава, како што се мислеше.
– Нападот беше трагична грешка, рече генералот Френк Мекензи, шеф на американската Централна команда, на прес-конференција во Пентагон.
Тој се извини за грешката и рече дека САД размислуваат да платат отштета на семејствата на жртвите.


















